Posts

Showing posts from April, 2020

Електричен осцилаторен круг

Image
Електричен осцилаторен круг или LC- круг 1. LC - струен круг е всушност електричен осцилаторен круг кој е составен од калем (намотка, соленоид) со индуктивитет L и кондензатор со капацитет C. (види слика и нацртај ја!) 2. Во и околу калемот L   се индуцира(создава) магнетно поле Wm, а меѓу и оклу плочите на кондензаторот C се создава (индуцира) електрично поле We! https://www.youtube.com/watch?v=XH-w89TFCFY&feature=emb_share&fbclid=IwAR119ZaV5bAQnR1Y_Vz2SQhJrwUZI1v6ih5RAucEHlYLbA2j6W2QiJdF4sM 3 . ПРВО , се поставува контактот или прекинувачот Р во положба 1 (види на сликата!). Почнува да тече електрична струја од батеријата V преку контактот 1 до кондензаторот С и тој се полни. Тоа значи на неговите плочи се акумулираат (трупат) позитивни ++++++++ и негативни - ------- полнежи! ПОТОА, се премостува контактот 2 и во тој момент почнува да се “празни“ кондензаторот, односно електроните се движат кон калемот L. Тоа значи, се намалува електричната енер

Придушени и непридушени осцилации

Image
Придушени и непридушени осцилации 1. Придушени осцилации (амортизирани осцилации)   се слободните осцилации кои со текот на времето се намалуваат и на крај запираат.   Тоа значи дека нивната енергија се намалува. 2. Фактор на придушување - k   се вика количникот меѓу две соседни амплитуди. Тој количник е константен k=A 2  / A 1   =  A 3  /A 2   = A 4  /A 3  = ... = const 3. Непридушени осцилации се оние осцилации кои со текот на времето остануваат непроменети. Тоа значи имаат постојано иста амплитуда!  A 1   =  A 2   =  A 3  = ... = const 5. Сложување на осцилации - суперпозиција е појава кога се собираат две или повеќе хармониски осцилации со иста фреквенција и фазна разлика. за дома: Учениците  да ја прочитат лекцијата (стр125-126) , да го напишат планот  во школските тетратки и  да ги одговорат прашања  претходно зададени. -Да се нацртат во тетратките: сл.14/124стр,  сл.15 и 16 /125 стр и сл 18,19/126стр! Да се слика домашнот

Присилени осцилации. Резонанција

Image
Присилени осцилации. Резонанција 1. Слободни осцилации се сопствените осцилации на еден слободен осцилатор . 2. Системите кои осцилираат (се движат околу рамнотежната положба) се викаат осцилатори. 3. Сите реални осцилации се придушуваат, односно со текот на времето се губи (дисипациа) нивната енергија и осцилаторот престанува да осцилира. 4. Присилени осцилации - кога на системот што осцилира (осцилаторот) му дејствува надворешна сила . Присилените осцилации се непридушени. 5. Резонанција или механичка резонанција е појавата кога сопствената фреквенција на осцилаторот   W 0   че се изедначи со фреквенцијата на надворешната сила W W 0   = W 6. При резонанција амплитудата на осцилаторот е максимална. за дома: Учениците  да ја прочитат лекцијата (стр123-125) , да го напишат планот  во школските тетратки и  да ги одговорат прашања  претходно зададени. Да се слика домашното и закачи на https://padlet.com/peperutkam/3okoa4tsg18g