Posts

Showing posts from March, 2020

Физичко нишало

Image
Физичко нишало Физичко нишало претставува цврсто тело кое поради дејство на Земјината тежа осцилира околу хоризонтална оска што не минува низ неговото тежиште. Силата на тежата G=mg   се дели на две копоненти каде само F создава момент кој тежи да го врати телото во рамнотежната положба:        F=- mgsin Θ Периодот на физичкото нишало за мали амплитуди е: I е моментот на инерција, a L=h растојанието од точката на обесување на нишалото до центарот на неговата маса. Практична примена на физичко нишало: • Кај часовникот конструиран од данскиот физичар Кристијан Хајгенс (1658г.) • Метроном е справа кај која физичкото нишало служи за одбројување на тактови. • Сеизмограф е инструмент за мерење на поместувања кои настануваат како последива на Земјотрес.                 Отворете го линкот до интерактивната симулација Лабораторија со нишала https://phet.colorado.edu/mk/simulation/pendulum-lab

Карактеристики на осцилациите

Осцилации  Движењето коешто после одредено време се повторува на ист начин, се вика  периодично движење .  Осцилирањето го викаме   периодично движење   затоа што за ист временски интервал се повторува. Движењето на телото околу рамнотежната положба се вика  осцилаторно движење , а телата (системите) коишто изведуваат вакво движење се викаат  осцилатори Ако силата што го враќа телото во рамнотежна положба ја означиме со  F , a со  x  која било оддалеченост од рамнотежната положба, тогаш: F= - kx Осцилирањето кое што се извршува под дејство на сила F = -kx, која што е право пропорционална на оддалеченоста од рамнотежната положба и секогаш е насочена кон рамнотежната положба, се вика  хармониско осцилирање . Карактеристични величини на осцилаторното движење Оддалеченоста на телото од рамнотежната положба се вика  елонгација  . Најголемата oддалеченост од рамнотежната положба се вика   амплитуда Времето за кое телото прави една осцилација се вика  период на осцилирањето

Математичко нишало

Image
Осцилации-Математичко нишало Математичко нишало е идеализација на просто нишало. -Тоа е всушност тело со произволна незначителна маса, обесено на лесен конец кое може да осцилира под дејство на гравитација.  -Движењето на математичкото нишало може да се врши по кружница со радиус кој е еднаков на должината на нишалото или едноставно да прави поместувања (елонгации) различни од рамнотежната положба. Должината на математичкото нишало е растојанието од точката каде тоа е закачено до центарот на масата  (y 1 ).          Кога нишалото е во рамнотежна состојба затегнатоста на конецот е урамнотежена со силата на тежата. Во сите останати положби тие зафаќаат определен агол (Ə). Кога нишалото е надвор од рамнотежна положба, силата на тежата ја делиме на 2 компоненти од кои едната  e во правец на конецот, а другата нормална на неа во правец на тангентата во таа точка и има насока кон рамнотежната положба. –Збирот на силите кои дејствуваат на нишалото е еднаков на тангенцијал

Осцилации - ВЕЖБИ

Вежби 1 Kaj осцилаторните движења, период се вика времето 2 Елонгација кај осцилаторното движење се вика 3 Кај осцилаторното движење амплитудата претставува 4 Фреквенцијата претставува број на осцилации во единица време и се изразува во 5 Кога осцилаторот минува низ рамнотежната положба 6 Осцилациите кои се одвиваат под дејство на надворешна периодична сила се викаат 7 Осцилаторите кои се во резонанција, имаат 8 Периодот на математичкото нишало е даден со формулата 9 Во електрично струјно коло составено од кондензатор и калем се добиваат 10 Ако амплитудата на осцилациите се намалува, тие се 11 Електричниот осцилаторен круг се состои од: 12 Кое од следниве движења е осцилаторно? 13 Ако осцилаторот прави 120 осцилации за една минута, тогаш периодот на осцилаторот изнесува 14 Кога о