Математичко нишало

Осцилации-Математичко нишало


Математичко нишало е идеализација на просто нишало.
-Тоа е всушност тело со произволна незначителна маса, обесено на лесен конец кое може да осцилира под дејство на гравитација. 
-Движењето на математичкото нишало може да се врши по кружница со радиус кој е еднаков на должината на нишалото или едноставно да прави поместувања (елонгации) различни од рамнотежната положба.


Должината на математичкото нишало е растојанието од точката каде тоа е закачено до центарот на масата  (y1).

         Кога нишалото е во рамнотежна состојба затегнатоста на конецот е урамнотежена со силата на тежата. Во сите останати положби тие зафаќаат определен агол (Ə). Кога нишалото е надвор од рамнотежна положба, силата на тежата ја делиме на 2 компоненти од кои едната  e во правец на конецот, а другата нормална на неа во правец на тангентата во таа точка и има насока кон рамнотежната положба.
–Збирот на силите кои дејствуваат на нишалото е еднаков на тангенцијалната компонента на силата на тежата
–F = -mg sin
Знакот минус покажува дека силата секогаш дејствува спротивно од поместувањето.

Поради дејството на таа сила математичкото нишало ке се движи ваму-таму околу рамнотежната полжба. Силата ќе биде пропорционална со што значи дека осцилирањето не е хармониско.
Хармониско осцилира само за мали амплитуди.

Период на математичко нишало
Секое тело што е обесено на една хоризонтална оска и може да осцилира (ниша) со определена амплитуда, околу една рамнотежна положба, се вика нишало

 Метално топче обесено на долг, цврст, нерастеглив конец со занемарлива маса, кое може да осцилира во вертикална рамнина, под дејство на Земјината тежа, се вика математичко нишало

Периодот на осцилирање на математичкото нишало се пресметува по формулата:
     
каде што l е должината на математичкото нишало, а g e Земјиното забрзување.


   

Comments

  1. Добрыя артыкулы, Вы чулі пра містэра Бенджаміна, электронная пошта: Lfdsloans@outlook.com --WhatsApp Кантакт: + 1-9893943740-- якія працуюць з паслугамі фінансавання, яны даюць мне крэдыт у памеры 95 000,00 долараў, каб пачаць свой бізнес, і я плачу ім штогод вось ужо два гады, і мне яшчэ засталося два гады, хаця мне падабаецца працаваць з імі, таму што яны - сапраўдны крэдытор, які можа даць вам любы крэдыт.

    ReplyDelete

Post a Comment

Popular posts from this blog

Присилени осцилации. Резонанција

Карактеристики на осцилациите