Карактеристики на осцилациите

Осцилации 

Движењето коешто после одредено време се повторува на ист начин, се вика периодично движењеОсцилирањето го викаме периодично движење затоа што за ист временски интервал се повторува.

Движењето на телото околу рамнотежната положба се вика осцилаторно движење, а телата (системите) коишто изведуваат вакво движење се викаат осцилатори

Ако силата што го враќа телото во рамнотежна положба ја означиме со F, a со x која било оддалеченост од рамнотежната положба, тогаш:

F= - kx

Осцилирањето кое што се извршува под дејство на сила F = -kx, која што е право пропорционална на оддалеченоста од рамнотежната положба и секогаш е насочена кон рамнотежната положба, се вика хармониско осцилирање.

Карактеристични величини на осцилаторното движење

Оддалеченоста на телото од рамнотежната положба се вика елонгација .
Најголемата oддалеченост од рамнотежната положба се вика амплитуда


Времето за кое телото прави една осцилација се вика период на осцилирањето (Т) .

Т=t/n

каде n е бројот на осцилации, а t е времето за кое се извршени n-осцилации
Мерна единица за периодот на осцилирањето Т е секунда (s)


Бројот на осцилации во единица време се вика фреквенција или честота (f) и се изразува со формулата:

f=n/T

ако n = 1, тогаш t = T, следува врската помеѓу периодот и фреквенцијата:


f=1/T

Мерна единица за фреквенција во SI е херц (Hz). Еден херц е фреквенција на осцилаторно движење чие времетраење на една осцилација е една секунда

Comments

Popular posts from this blog

Математичко нишало

Присилени осцилации. Резонанција