Електричен осцилаторен круг


Електричен осцилаторен круг или LC-круг

1. LC- струен круг е всушност електричен осцилаторен круг кој е составен од калем (намотка, соленоид) со индуктивитет L и кондензатор со капацитет C. (види слика и нацртај ја!)




2. Во и околу калемот L  се индуцира(создава) магнетно поле Wm, а меѓу и оклу плочите на кондензаторот C се создава (индуцира) електрично поле We!

3. ПРВО, се поставува контактот или прекинувачот Р во положба 1 (види на сликата!). Почнува да тече електрична струја од батеријата V преку контактот 1 до кондензаторот С и тој се полни. Тоа значи на неговите плочи се акумулираат (трупат) позитивни ++++++++ и негативни -------- полнежи!


ПОТОА, се премостува контактот 2 и во тој момент почнува да се “празни“ кондензаторот, односно електроните се движат кон калемот L. Тоа значи, се намалува електричната енергија на кондензаторот (се празни со полнежи), а се зголемува магнетната енергија на калемот (низ намотките течат електрони)
Во еден момент We=0 (нондензаторот е празен) , а Wm=max (максимално магнетно поле)!

ПОТОА, се случува обратен процес, електроните продолжуват да се движат кон кондензаторот , слабее магнетното поле, а се засилува електричното поле.....

ТАКА наизменично се случува претварање на електрично во магнетно поле и обратно!!! Тоа е всушност електромагнетна осцилација на LC струен круг.
3. Бидејќи LC струјниот круг е всушност осцилаторен струен круг од кој се добиваат електромагнетни осцилации, тогаш ќе дефинираме и Период на ЕМ осцилации (Томсонова формула):                             


4. Сопствената фреквенција f0  е реципрочна вредност  од Периодот.
https://phet.colorado.edu/mk/simulation/legacy/circuit-construction-kit-ac


за дома: Учениците  да ја прочитат лекцијата (стр126-128) , да го напишат планот  во школските тетратки.  Да се слика и закачи на https://padlet.com/peperutkam/3okoa4tsg18g

Comments

Popular posts from this blog

Математичко нишало

Присилени осцилации. Резонанција

Карактеристики на осцилациите